Катедрата за заштита на растенијата и животната средина покрај прв организирав и втор циклус на студии од областа на заштита на растенијата, чија главна цел е да го специјализира студентот во потесна област во полето на заштита на растенијата. Област на специјализација и обука на втор циклус на студии, се насочување на студентите кон одредена група на патогени причинители на болести и штетници кои се јавуваат кај растенијата (фитопатогени бактерии, габи, вируси, фитоплазми како штетни инсекти).
Теренската контрола на појавата, присуството на патогени и штетници, како и заштитата на растенијата во заштитен или отворен простор, е задолжителна и постојано следена како од наставниот кадар така и од студентите на втор циклус на студии.
Теренската анализа на материјалот не би била комплетна доколку не се направи лабораториска дијагностика која е целосно овозможена во Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која им стои целосно на располагање на студентите од втор циклус при лабораториско изведување на своите експерименти.
© 2015 DPEP. All Rights Reserved | Design by W3layouts