Катедрата за заштита на растенијата и животната средина има главна цел и задача да обезбеди квалитетно и современо образование на студентите од 1, 2 и 3 циклус на студии. Едукацијата и оспособувањето на младите во областа на заштита на растенијата придонесува до создавање на идни инженери агрономи – заштитари кои ќе создаваат квалитетно земјоделско производство преку спојување на теоријата со праксата. Предност на катедрата е тимска работа на наставниот кадар со студентите, преку реализација на теоретски дел, практичен лабораториски дел како и изведување на сезонска теренска настава.
Научноистражувачкиот интерес на оваа катедра е насочен кон теренски и лабораториски анализи за дијагностика на патогените причинители на болести кај различни земјоделски култури, како и воспоставување најсоодветна заштита од истите. Дел од методологијата која се изучува и применува на катедрата е идентификација и детерминација на растителните болести, штетници и плевели; користење на современи техники и методи за дијагностицирање на присуството на бактерии, габи, вируси и инсекти во растителен материјал и во почва; изведувањето на соодветни тестови за биолошка и хемиска заштита на растенијата. Во рамките на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина формирана е Лабораторија за заштита на растенијата и животната средина, во која се изведуваат сите анализи поврзани со растителниот свет и животната средина.
© 2015 DPEP. All Rights Reserved | Design by W3layouts