СТУДИСКА ПРОГРАМА ФИТОМЕДИЦИНА, ОРГАНИЗИРАНА НА КАТЕДРАТА ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Катедрата за заштита на растенијата и животната средина организирав за прв циклус на студии, студиска програма од областа на заштита на растенијата која има за цел да направи млад кадар на заштитари кои ќе се специјализираат во едно поле од заштитата.

На Земјоделскиот факултет, ова е една нова, фаворизирана и модерна научна дисциплина, за која има се поголем интерес од страна на наши млади ентузијасти кои сакат да експериментираат во научна средина – заштита. Предавањата, вежбите, проектните активности се направени со користење на најсовремени видео презентации, автентични фотографии од наши теренски услови како и анализа на симптоматичен материјал во лабораторијата за студентски и научно истражувачки цели. Катедрата за заштита на растенијата и животната средина нуди отворени можности и трансфер на многу знаење, како резултат на потесна специјализација на наставниот кадар во соодветната област.

© 2015 DPEP. All Rights Reserved | Design by W3layouts