ПРАКТИЧНА НАСТАВА НА СТУДЕНТИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ И НА КАТЕДРАТА ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

За една добра земјоделска пракса и за да се постигнат успеси во високото образование, покрај одлично поставената теоретска и практична лабораториска наставам, многу важен елемент е практичната настава, на која се става се поголем акцент за да може да се произведат земјоделски млади кадри кои теоријата ќе ја спроведат во пракса.

Земјоделскиот факултет склучува договори за соработка и практична настава на студентите  со секоја земјоделска фирма, преработувачка индустрија, винарски визби и мали индивидуални земјоделци кои сакаат да излезат во пресрет на студентите, да ги отворат вратите на своите фирми за нив а со тоа и да си отворат можност за избор на млади и полни со енергија и елан за работа идни дипломирани земјоделски инженери.

Да се биде добар земјоделски инженер значи да се посвети секој момент од своето слободно време во природата, за да може секој директно да се соочи со проблемите кои настануваат како резултат на климатските услови.

 

 

© 2015 DPEP. All Rights Reserved | Design by W3layouts