Значење на земјоделието за квалитетот на животот

Имајќи го во предвид брзиот начин на живот, развојот и субвенционирањето во полето на земјоделието се развива со голема брзина.

Земјоделството никогаш повеќе нема да биде она што некогаш било: обичен снабдувач со храна. Загадувањето на човековата околина со фосилни горива и фаталниот ефект што со употребата на истите се предизвикува врз Земјината атмосфера, веќе ја наметна потребата од производство на побезбедни средства за придвижување на модерниот свет. А од што би се произвеле тие средства ако не од растително потекло? А од кои површини/ресурси, ако не од оние на кои се одвива земјоделско производство? И под чиј надзор би било сето тоа, освен ако не од земјоделците и стручните лица кои им помагаат во совладувањето на секојдневните проблеми со кои се соочуваат во текот на производството.

Од друга страна, производството на здрава храна никогаш досега не претставувало императив, зошто трката по приноси наметнува користење на сорти и видови кои се осетливи на голем број болести и штетници. И повторно земјоделството се јавува како дел од секојдневниот живот, кое е во голема зависност и корелација со науката - поле каде истражувањата се насочуваат кон потрага по мерки и начини на заштита на растенијата, како на пример појава на особини кај т.н. самоникнати растенија кои имаат природна отпорност кон одредени болести и штетници.

Конвенционално земјоделство

Конвенционално земјоделско производство

Органско земјоделство

Органско земјоделско производство

Заштита на растенијата

Заштита на растенијата

Метеролошки станици на УГД

 

 

 

 

image

 

 

image

 

 

 

© 2015 DPEP. All Rights Reserved | Design by W3layouts